Навивачката група „Комити“ почна акција за спас на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, преку донации.
Тие ги повикуваат сите вљубеници на ФК Вардар да донираат средства за спас на клубот и негово функционирање во иднина.
Во соопштението на Комити, се вели:
СПАС ЗА ФК ВАРДАР – ВЕДНАШ!
Дојде време за најважната акција!
Ние сме на потег. Навивачите, симпатизерите, обичниот народ, на кого му е преку глава од малверзациите, матните игри и злоупотребата на клубот!
Ве повикуваме сите вас, вљубеници во црвено – црната боја, да се приклучите, и на прикажаниот линк, да донорате согласно вашите можности. Сите собрани средства, ќе бидат наменети исклучиво за потребите на клубот.
Дозволено е донирање, како од Македонија, така и од странство. И најважно, за целата акција да протече фер и транспарентно, секој, во било кое време, ќе може да ја увиди точната сума на сопствената донација, како и сумите на сите останати кои донирале. Воедно, и сите во било кој момент, на линкот ќе можат и да ја следат тековната промена на сумата. Се ќе биде потполно транспарентно. Го правиме ова, со цел да ги спречиме можностите за било каква нерегуларност.
ВАЖНО ИНФО: Целата акција ја реализираме преку апликацијата Gofundme. Непрофитабилна апликација, но која со секое донирање дава опција, вие, како донатор, со дел од парите кои ги донирате, финансиски ја поддржите. За да сите средства кои ги донирате бидат наменети исклучиво за клубот, потребно е да на предлогот од самата Апликација, која ви нуди да ја подржите, отидете на НУЛА. Така сите средства, ќе бидат наменети за клубот! Објаснување, во коментар!
Не е важно од каде и колку, туку зошто. За нашиот Вардар, за нашата гордост. За славното минато, и за уште посветлата иднина, за која сите заедно ќе се избориме!
Ти си Вардар, нема никој друг. Затоа, донирај, и биди дел од возобновата на најголемата македонска фудбалска гордост – ФК ВАРДАР!
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski