Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа 1-1 на „Сантијаго Бернабеу“, во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите. Патникот во финалето ќе се решава на реваншот на „Итихад“.
Англискиот тим имаше посед на топка и наметна своја игра, но Реал Мадрид го зададе првиот удар. Во 36.минута Камавинга одлично продре по левата страна, го проигра Винисиус Жуниор кој од 20 метри постигна спектакуларен гол.
Меѓутоа, Манчестер Сити не се помири со пораз во Мадрид. Во вториот дел стигна до израмнување. Кевин Де Бруин во 67.минута со одмерен удар од 16 метри успеа да го совлада Тибо Куртоа.
До крајот, Бензема имаше убава можност, но Едерсон беше на вистинското место, па првата полуфинална пресметка меѓу овие ривали заврши 1-1. Продолжението на битката ќе следи на „Итихад“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













