
Таткото на Лионел Меси, Хорхе, кој воедно е и агент на суперѕвездата на Пари Сен Жермен, молскавично реагираше на денешната информација дека напаѓачот веќе ја прифатил понудата на саудискиот клуб Ал-Хилал во вкупна вредност од 600 милиони евра. Во својата изјава тој целосно ги демантираше овие гласини и нагласи дека дури на крајот на сезоната светскиот шампион со Аргентина ќе го направи својот избор каде ќе ја продолжи кариерата.
„Нема апсолутно ништо договорено со ниту еден клуб за следната сезона. Одлуката дефинитивно нема да биде донесена пред Лионел да го заврши првенството со ПСЖ. Штом ќе заврши сезоната, тогаш ќе дојде време да анализираме и да погледнеме што имаме, па дури потоа ќе се донесе одлука. Секогаш има гласини и многумина го користат името на Лионел за да стекнат слава, но вистината е само една, а тоа е дека можеме да ве увериме дека нема ништо договорено со никого. Без зборови, без потпис, без договор и така ќе остане до крајот на сезоната.
Ги прифаќам информациите во медиумите со недостаток на почит. Има и такви кои свесно и намерно мамат без да ги проверат своите тврдења на кој било начин. Тие сакаат секоја злонамерна гласина или онаа што ги штити нивните интереси да ја претворат во вест. Мора да дадат објаснување бидејќи нивните информации се контрадикторни сами по себе… Не сакаат вистината да им ја расипе ’веста’“, вели Хорхе Меси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
