
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Виена ќе го одигра претпоследниот меч од квалификациите за ЕВРО 2020. Шансите за пласман преку групата се сведени на теорија, речиси сигурно Полска и Австрија ќе патуваат на континенталниот собир, но избраниците на Игор Ангеловски сакаат да го заокружат циклусот на третата позиција. Тоа би бил најдобар пласман во историјата за нашиот национален тим.
Но, и тоа нема да биде лесно да се оствари, со оглед дека Австрија има огромни мотиви за успех, да освои барем еден бод и да обезбеди официјално пласман на ЕП.
Австријците со полн респект гледаат кон Македонија. Знаат дека нема да биде лесно како на првиот меч во Скопје кога славеа со 1-4. Селекторот Франко Фода бара максимална внимателност од фудбалерите.
„Ни недостига уште една коцк во мозаикот и мораме да бидеме внимателни. Македонија е одлична селекција и нема да биде лесно вечерва на „Ернст Хапел“. Ќе мораме да бидеме максимално сериозни и да се потрудиме да стигнеме до триумфот. Верувам дека ќе имаме голема поддршка и од трибините“, изјави Франко Фода.
Мечот меѓу Австрија и Македонија ќе се игра вечерва (20.45), а главен судија ќе биде Англичанецот Мајкл Оливер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal