Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, верува дека крилниот напаѓач на Челси, Кристијан Пулишиќ, треба да се приклучи на тимот на „росонерите“. Во последните месеци неколку пати кружеше информација која го испрати Американецот во „Миланело“, но тоа не се случи.
„Мислам дека тоа е добра идеја. Пулишиќ има добра репутација во Европа. Тој е талентиран и вреден играч. Се сеќавам на моите моменти со него, тој не само што работеше, туку и најде време да нѐ забавува, да не насмее. На теренот, исто така успешно се најдовме“, изјави Жиру.
24-годишниот фудбалер оваа сезона одигра 21 натпревар во Премиер – лигата, со ефект од само еден гол и една асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













