Струга Трим Лум издржа многу оваа сезона, успеа да го сочува лидерското место, а по денешното 31.коло може да ја прослави и историската прва шампионска титула. Стружани доколку победат против Силекс, а Шкендија не слави на дуелот против Шкупи на Чаир, тогаш тимот на Шпетим Дуро ќе ја прослави титулата на две кола пред крајот.
„Против Силекс, како и против секој друг противник, влегуваме да го добиеме натпреварот. Се надеваме на најдобриот епилог. Атмосферата во клубот е одлична и мислам дека сме добро подготвени за сериозен противник каков што е Силекс“, изјави Валентин Кочоски.
Тој ја прокоментира и можноста за прослава на титулата по денешното коло.
„Да го победиме Силекс е нашата задача. Ги гледаме само сопствените натпревари, а доколку се случи да ни одговара резултатот од натпреварот на Чаир, такво нешто би било добредојдено, бидејќи би славеле заедно со нашите навивачи кои се надевам дека ќе бидат што повеќе на трибините, да нѐ поддржат кон заедничката цел што ја имаме“, изјави Кочоски.
На Чаир, Шкупи ја пречекува Шкендија во дербито на двете екипи кои важеа за главни конкуренти за титулата. На крајот, од втор план се проби Струга ТЛ.
Сепак, Шкупи сигурно ќе посакува триумф за да излезе на второто место, а Шкендија за да се одржи во трката за титулата.
Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе ја пречека Брегалница. Тимот на Милан Илиевски е во одличен ритам и посакува да продолжи во ист стил и на денешниот дуел.
Македонија ЃП на стадионот на ФФМ ќе ја пречека Победа, додека Академија Пандев е домаќин на Тиквеш.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО (17 часот)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ТИКВЕШ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski