Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, му одговори на претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис, кој најави дека следната цел на клубот е освојување на Лигата на шампионите. „Наполитанците“ вчера станаа шампиони на Италија за првпат по 33 години.
Де Лаурентис гостувањето кај Удинезе (1-1) кое ја гарантираше титулата на тимот го следеше од стадионот „Диего Армандо Марадона“ кој беше исполнет со навивачи на тимот. Во својот говор по триумфот, претседателот зборуваше за идните цели на тимот и најави дека една од нив е освојување на Лигата на шампионите.
„Кога пристигнав ви кажав дека ќе се бориме за Скудетото. Имаше моменти минатата сезона кога бевме во борба и реков дека можеме да го направиме тоа. Но, вие новинарите рековте дека претерувам и вршам преголем притисок врз тимот. Годинава ми кажувавте дека не верувам во тимот, за разлика од Де Лаурентис, кој така кажа на почетокот. Сега вели дека сака да ја освоиме Лигата на шампионите. Ако се случи и тоа, ќе речете дека тој верувал, а јас не. Секогаш цели кон врвот и секогаш стои на нозе. Многу е лесно така. Прашајте го тимот што им кажав на нашиот прв состанок оваа сезона. Прашајте ги нив“, изјави Спалети.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski