Connect with us

Еден загинат, шестмина застрелани по лудото славје во Неапол

Цела ноќ Неапол ја славеше шампионската титула на Наполи во Италија, но, за жал, веќе се појавија информации за трагичен инцидент. Еден навивач е пронајден мртов откако бил погоден од залутан куршум, веројатно испукан во навивачка еуфорија.


Станува збор за 26-годишниот Винченцо Коспито, кој бил застрелан и во тешка состојба бил пренесен во болница. Подоцна таму починал.

Примени се уште шест лица со различни повреди. Тројца од нив се исто така погодени од огнено оружје, а останатите имаат изгореници на рацете како последица на факели и чадни бомби. Ниту еден од шесте не е во животна опасност. Една госпоѓа била застрелана во глуждот, а маж во задникот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови