Connect with us

Херцог и Начо: Израел сака да победи во Скопје

Израел сака да оствари триумф во Скопје и победнички да ги заокружи квалификациите за ЕВРО 2020, најавија селекторот Андреас Херцог и капитенот Бибрас Начо на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот меч.

„Дојдовме да победиме во Скопје. Ја респектираме Македонија, ќе игра пред своите гледачи, но ние веруваме во нашите квалитети и посакуваме победнички да го заокружиме циклусот. Во целина, сите ние останати селекции имавме неколку грешки во квалификациите, а Полска и Австрија беа најконстантни и затоа ќе играат на ЕВРО 2020. За крај, посакуваме да победиме, и ние и Македонија. Ќе видиме што ќе се случи на утрешниот натпревар“, изјави селекторот Андреас Херцог. 

Капитенот Бибрас Начо очекува Македонија да игра многу поофанзивно отколку на првиот меч. 

„Очекувам Македонија да биде агресивна и да нападне. Тоа ќе отвори можности и за нас да возвратиме. Очекувам многу поиинаков дуел од првиот во Израел, тогаш Македонија многу повеќе внимаваше на својот гол. Верувам дека можеме да оствариме триумф, ќе биде тоа убава сатисфакција за крај, иако и двете селекции ги пропуштија шансите за пласман на ЕП преку квалификациската група“, изјави Бибрас Начо.                  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови