Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, избра офанзивен состав за вечерашниот дуел против Израел.
Влатко Стојановски ќе биде предводник на нападот, добивајќи предност пред Илија Несторовски. Тој ќе има поддршка од капитенот Пандев, кој се враќа во составот откако не настапи против Австрија. Во средниот ред ќе бидат Енис Барди, Елиф Елмас, заедно со Костадинов и со Николов, додека со одбраната ќе раководи Муслиу, кој повторно е стандарден откако не играше против Австрија поради суспензија.
Дарко Велкоски ќе му прави друштво на Муслиу во срцето на одбраната, а бековските позиции се резервирани за Кире Ристевски и за Стефан Ристовски. На голот останува стандардниот Столе Димитриевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













