Горан Пандев беше во фокусот на вниманието на натпреварот меѓу Интер и Лацио, како специјален гостин на „Џузепе Меаца“, и доби овации од фановите на „нероаѕурите“. Истакна дека Милано и Интер секогаш ќе бидат во неговото срце како прв клуб каде играше во Италија, но исто така се осврна и на Лацио и на Наполи.
Им честиташе на Елиф Елмас и на Наполи за одличната сезона и за титулата што ќе се пресели во Неапол, прва после ерата на Диего Армандо Марадона.
„Среќен сум за Наполи, тоа е мој поранешен клуб и им ја посакувам сета среќа. Им честитам за одличната сезона на сите во клубот, на претседателот Де Лаурентис, на раководството, на фудбалерите, на тренерот Лучијано Спалети. Секако, многу сум среќен за Елиф Елмас, посакувам следната сезона да освојат трофеј и во Лигата на шампионите затоа што играат неверојатен фудбал“, изјави Горан Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













