Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ја одбил понудата на Челси да го преземе тимот, пренесува „Кориере дело Спорт“. Стратегот беше на потесниот круг на лондонскиот клуб, но јасно стави до знаење дека не е заинтересиран за враќање на “Стемфорд бриџ“.
Португалецот сака да остане во Рома.
Жозе Мурињо беше на кормилото на Челси двапати – од 2004 до 2007 година и од 2013 до 2015 година, при што додаде три титули во англиската Премиер – лига, два Лига купа и еден ФА Куп во историјата на клубот.
Челси во моментов има 39 бода по 32 одиграни натпревари, а последен пат го победи тимот на Лестер на 11 март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













