
Лестер и Евертон одиграа 2-2, љ она што го одбележа натпреварот беше пеналот кој Џордан Пикфорд му го одбрани на Џејмс Медисон.
Фудбалерот шутираше во средината на голот, но голманот на Евертон остана на место и го одбрани ударот на играчот од средниот ред на Лестер.
Меѓутоа, откако Пикфорд успеа да одбрани пенал и да ја сочува сопствената мрежа во последните секунди од првото полувреме, камерите го фатија неговото шише со вода и потоа на сите им беше јасно како го прочита Медисон.
На шишето кое Пикфорд го користи за вода имало слика на која имал информација кој играч на Лестер како изведува пенали.
На тој список се најде и Медисон, а јасно се виде дека пишува дека 60% од пеналите тој ги шутира во средината на голот и Пикфорд решил да верува во таа статистика. Тоа се покажа како правилен пристап.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal