
Ерлинг Халанд постигна гол против Фулам во неговиот 30. натпревар во Премиер – лигата, негов 34-ти гол во лигата оваа сезона, а вкупно 50-ти ако се погледнат сите натпреварувања во кои играше. Тој одигра само 44 натпревари, веќе собори голем број рекорди, а големото прашање што го поставуваат англиските медиуми е дали може да го урне и рекордот кој трае речиси сто години.
Во својата прва сезона во англиското првенство, незапирливиот 22-годишен норвешки напаѓач прави незапирлив налет кон трофејот за најдобар стрелец во лигата. Конкуренцијата е далеку зад него, па Хари Кејн од Тотенхем оваа сезона постигна 25 гола, девет помалку од него, а трет на листата на стрелци е Иван Тони од Брентфорд, со дури 14 гола помалку.
Колку е Халанд доминантен говори податокот дека со 50 постигнати голови во сезоната 2022/23, постигна вкупно 21 гол повеќе од кој било друг играч во Премиер-лигата, но и дека со тој ефект е поефикасен дури од седум премиерлигашки клубови во сите натпреварувања оваа сезона.
И додека Халанд соборува рекорд по рекорд, останува да се види дали ќе успее да го преземе оној што го постави покојниот Дикси Дин, играчот кој беше наречен „најголемиот напаѓач што некогаш ќе постои“.
Поранешниот напаѓач на Евертон играше во сезоната 1927/28. На 41 натпревар за Евертон, тој постигна 63 гола во тој период. Таа сезона само во англиското првенство постигна 60 гола.
Рекордот стар речиси сто години би можел да падне бидејќи Халанд е на „-13“, а пред него се уште можни 10 натпревари, шест во Премиер – лигата, финалето на ФА Купот и максимум три во Лигата на шампионите, под услов неговиот Манчестер Сити да победи во полуфиналето против Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
