
Реал Мадрид очигледно ќе ја загуби трката за шампионската титула во Шпанија, па раководството на клубот напорно работи на засилувања за сезоната 2023/24. Иако тимот се бори за трофеи во Лигата на шампионите и во Копа дел Реј, Флорентино Перез се веќе фокусирани на летниот преоден рок.
Прв во редот и понатаму е Џуд Белингем и се чини дека Англичанецот гледа кон Мадрид. Реал сака да ги искористи добрите односи со Борусија Дортмунд, но цената секако е превисока – 150 милиони евра.
Реал најверојатно ќе понуди 100 милиони со бонуси и ќе го чека одговорот на Борусија. Додека ги чека „милионерите“, Перез веќе преговара со друга цел, талентираниот Габи Веига.
20-годишниот играч е член на Селта, тој е желба и на многу други клубови, но се чини дека Реал ќе го има главниот збор. Мадриѓаните се подготвени да платат околу 50 милиони евра за неговиот трансфер, со што би комплетирале одличен, млад и перспективен среден ред, заедно со Камавинга, Валверде и со Чуамени.
Секако, се очекува Лука Модриќ и Тони Крос да играат уште една сезона, а Белингем и Веига да бидат нивните долгогодишни замени.
Тој пакет ќе чини близу 200 милиони евра, но Перез смета дека се работи за вистинска инвестиција. Веига има 20 години, Белингем 19, Камавинга 20, Валверде 24, Чуамени 23…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
