
Ливерпул во неверојатен меч на „Енфилд“ го совлада Тотенхем со 4-3. Со ова ги задржа минималните шанси за да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Тоа беше натпревар за инфаркт, посебно во судиското продолжение.
Ливерпул тргна фуриозно и по 15 минути водеше со 3-0. Куртис Џонс во третата минута отвори, а Луис Дијаз во петтата зголеми на 2-0. Потоа Мохамед Салах постигна гол од пенал во 15.минута и сите помислија дека мечот е решен.
Но, Тотенхем не се предаде. Хари Кејн намали до полувремето на 3-1, Хјонг Мин Сон постигна втор погодок во 77.минута, а Ришарлисон израмни со гол во 93.минута.
Сепак, во преголемото славење поради израмнувањето, фудбалерите на Тотенхем направија кардинална грешка во одбраната во следниот напад, а Диого Жота постигна гол за триумф на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски и Клуж поразени во Суперкупот на Романија
