Интер оствари значаен триумф (3-1) против Лацио во дербито на „Џузепе Меаца“ и се врати во трката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Сега Милан, Рома и Интер имаат по 57 бода и ќе водат голема борба до крајот на шампионатот во Серија А.
Лацио имаше предност на полувремето, откако Фелипе Андерсон постигна погодок во 30.минута. Но, Интер возврати силно во вториот дел.
Лаутаро Мартинез во 78.минута успеа да израмни, а Робин Госенс пет минути постигна гол за пресврт. Во финишот, Лаутаро Мартинез зголеми на 3-1 и го реши победникот на дербито.
Пред почетокот на мечот, Интер му оддаде почит на Горан Пандев , кој беше специјален гостин на натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













