
Шкендија се доближи на два бода, па лидерот Струга Трим Лум денеска (16 часот) во Штип ќе има мисија да оствари триумф и да се врати на +5. Но, тоа нема да биде лесна задача, со оглед дека Брегалница на домашен терен воопшто не е наивен ривал.
„Ние сме подготвени максимално, целта е даде максимумот од нас, само така може да се дојде до бодови кај квалитетниот состав на Брегалница. Не криеме дека и во Штип одиме на победа. Нема да биде лесно. Мораме да бидеме максимално фокусирани и секако ќе се бориме за дресот на клубот и нашите цели“, вели офанзивниот бек на Струга ТЛ, Зија Мерџани.
Шкупи има можеби и потешка задача, да го искачи Кратово. Силекс ја „сопна“ Шкендија во минатото коло во Тетово, а на домашен терен е уште поопасен ривал.
Тиквеш во Кавадарци е домаќин на Работнички. Двата тима се растоварени од бремето за опстанок, па можат да понудат допадлив фудбал.
Тоа не е случај со Победа и со Скопје. Прилепчани се во незавидна позиција, а и Скопје кој речиси сигурно ќе игра бараж за опстанок во елитата.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО (16 часот)
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
СИЛЕКС – ШКУПИ
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
ПОБЕДА – СКОПЈЕ
ВЧЕРА: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal