
Златан Ибрахимовиќ нема да се врати на теренот оваа сезона. Прегледите кои ги направи 41-годишниот напаѓач потврдија повреда на потколеницата и неговата сезона заврши. Под знак прашалник е и продолжувањето на неговата кариера.
Златан Ибрахимовиќ веќе нема да го носи дресот на Милан. Легендарниот напаѓач неодамна заработи повреда на потколеницата на загревањето на мечот со Лече и мораше да оди на дополнителни прегледи.
Ибра не доби добри вести. Утрово беше потврдено дека повредата е од сериозна природа и дека Златан речиси сигурно ќе го пропушти остатокот од сезоната во која не играше премногу.
Легендарниот шведски фудбалер го пропушти поголемиот дел од сезоната поради операција на коленото. Се обидуваше да се врати на теренот, одигра неколку натпревари, но очигледно е дека годините го стигнаа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
