Connect with us

Џуд Белингем го избрал Реал Мадрид

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, сака да се пресели во Реал Мадрид. Според шпанскиот весник „АС“, играчот донел одлука за иднината. Тој сака од следната сезона да игра за „кралскиот клуб“.


Фудбалерот смета дека трансферот во Реал Мадрид е најдобрата опција за продолжување на кариерата од спортски аспект. Во блиска иднина тој ќе се согласи на трансфер во шпанската престолнина.

Откако ќе ја добијат согласноста од играчот, раководството на Реал Мадрид ќе започне преговори со Борусија. Иако трансферот на Белингем е приоритет за ова лето, мадридскиот клуб нема намера да плати повеќе од 120 милиони евра за 19-годишниот играч.

Белингем во актуелната сезона има 11 гола и шест асистенции на 39 натпревари за Борусија Дортмунд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови