Connect with us

Баерн Минхен ќе отпушти осум фудбалери ова лето

Баерн Минхен има многу лоша сезона, која може да биде и очајна, ако не успее да ја одбрани тотулата во Бундес-лигата. Токму затоа, се очекуваат сериозни кадровски промени ова лето. Според информациите, речиси цел тим на Баварците може да биде ослободен.


Осум фудбалери ќе бидат ставени на трансфер – листата, а првите имиња кои се појавуваат во него се Серж Гнабри, Бењамин Павар, Садио Мане и Матис Тел.

Серж Гнабри има договор до 2026 година, но со оглед на неговата очајна форма оваа сезона, вратата е отворена за негово заминување од „Алијанц Арена“.

На истиот пат се и Нусаир Мазрауи и Рајан Гравенберх.

Ќе биде продаден и младиот 18-годишен талент Матис Тел, заедно со неговиот сонародник Бењамин Павар, кој нема да го продолжи договорот кој му истекува во 2024 година.


Жоао Кансело и голманот Јан Сомер исто така нема да останат во Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови