Манчестер Jунајтед го продолжи договорот со Алехандро Гарначо. Младиот Аргентинец ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2028 година.
„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека Алехандро Гарначо потпиша нов договор според кој ќе остане во клубот до 30 јуни 2028“, стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.
Гарначо е среќен што ќе го продолжи сонот да игра во дресот на Манчестер јунајтед.
„Кога дојдов во овој неверојатен клуб, сонував да дебитирам, да играм на „Олд Трафорд“, да го постигнам мојот прв гол и да освојувам трофеи. Тоа го остварив, но сега сакам сонот да продолжи“, изјави Гарначо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













