Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, сака да го доведе Матео Ковачиќ од Челси, објави „Билд“. Откако клубот оваа сезона испадна од Лигата на шампионите и од Купот на Германија, а во моментот се наоѓа и зад Борусија Дортмунд на табелата во Бундес-лигата.
Тухел е во потрага по напаѓач и централен играч за врска. Конрад Лајмер, кој најверојатно ќе дојде од Лајпциг, не е таков калибар, а Германецот го предводеше Матео Ковачиќ во Челси и добро ги знае неговите квалитети.
Хрватскиот репрезентативец има договор до летото 2024 година, но со месеци се најавува дека би можел да го напушти Челси на крајот од сезоната. Во исто време, тој беше поврзуван и со Манчестер Сити, каде што го посакува менаџерот Пеп Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













