
Битката за титулата во Македонија се вжешти откако Шкендија се доближи на само три бода негатива до лидерот Струга ТЛ. Претстои финишот на шампионатот во кој и стружани веќе немаат право на многу грешки, а секој меч ќе им биде како финале.
Првиот таков дуел им е денешниот натпревар против Тиквеш на домашен терен.
„Атмосферата во нашиот клуб е одлична, имаме тежок натпревар, ветувам дека како екипа ќе дадеме се од себе да ги задржиме бодовите во Струга. Со оглед дека се последни натпревари во првенството, сега секој меч за нас е многу важен, па со бескомпромисна борба се надевам дека ќе ги добиеме сите натпревари и конечно ќе и ја донесеме титулата на Струга“, изјави крилниот напаѓач Абдулхади Јахја.
Шкендија е домаќин на Силекс и се надева дека ќе ја продолжи победничката низа која трае веќе шест натпревари.
„Се вративме во игра за титулата и сега треба да бидеме најдобри, да дадеме сѐ од себе до крајот на првенството. Веруваме дека ќе успееме да ја исполниме целта и да се радуваме заедно со нашите навивачи“, истакна Бруно Дита.
Шкупи ќе ја пречека Брегалница и ќе се обиде со триумф да се приклучи на водечкиот тандем. Но, штипјани сакаат да се вратат непоразени.
„Нема и не смее да има разочарување по оној минимален пораз од Шкендија. Ние дефинитивно ќе се бориме до крај за секој бод за секоја победа во шампионатот. Така ќе биде и денеска иако знаеме дека Шкупи е исклучително силен тим кој се бори за шампионската титула“, вели тренерот на Брегалница, Горан Здравков.
Македонија ЃП на стадионот на ФФМ ќе биде домаќин на ФК Скопје, додека Академија Пандев ќе ја пречека Победа.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 29. КОЛО (денеска, 16 часот)
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПОБЕДА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
