
Челси не се откажува од намерата да го привлече голманот на Интер, Андре Онана, пишува „Газета дело Спорт“.
„Сините“ ќе испратат свои претставници кои ќе ги следат настапите на голманот на утрешниот натпревар против Јувентус во полуфиналето на Купот на Италија, а претходно ќе се сретнат со раководството на миланскиот гигант за да разговараат за можноста за договор меѓу нив.
„Нероаѕурите“ го вреднуваат својот чувар на мрежата на 40 милиони евра, но лондончани размислуваат да го понудат Кепа Аризабалага, плус 10 милиони евра.
Доколку не дојде до размена, но Интер навистина го продаде Камерунецот на Челси, клубот ќе се насочи кон Гилјермо Викарио од Емполи, за кого би потрошиле околу 20 милиони евра.
Онана пристигна на „Џузепе Меаца“ како слободен играч минатото лето и постепено замени капитенот Самир Хандановиќ од стартното место на голот. Тој е меѓу најдобрите играчи на Интер оваа сезона со 15 „чисти мрежи“ во 33 натпревари во сите натпреварувања.
Од друга страна, во 2018 година, Челси го направи Кепа најскапиот голман во историјата, а за него плати 80 милиони евра на Атлетик Билбао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Лусио заврши во болница поради изгореници
