Connect with us

Нова опасност за Јувентус: УЕФА ќе го исфрли од европските натпреварувања?

Казната од 15 поени на Јувентус беше поништена и тимот се врати меѓу четирите најдобри во Серија А, но ваквиот развој на скандалот може да доведе до тоа УЕФА да ги исфрли „бјанконерите“ од европските натпреварувања следната сезона, тврди „Газета дело Спорт“.


Како што е познато, минатата недела Италијанскиот олимписки комитет привремено ја укина санкцијата од 15 поени и случајот го врати на разгледување во Фудбалската федерација на Италија. Може да има нова санкција за Јувентус која би можела да биде и помала од претходната.

Сепак, сѐ уште не е јасно кога ќе заврши судењето. Тоа е она што ја загрижува УЕФА, од каде треба да се одреди списокот со учесници во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига за следната сезона откако финалето на ЛШ ќе се одигра на 10 јуни во Истанбул.

Доколку предолго доцнат во Италија со објавување на конечната одлука за ситуацијата со капиталните инвестиции на Јувентус, седиштето на УЕФА е подготвено да се вклучи во случајот и да го исфрли клубот од европските натпреварувања следната година.

УЕФА води сопствена истрага за случајот и доби многу документи од обвинителството во Торино. Весникот исто така напоменува дека не треба да се занемари дека во Нион ја истражуваат „старата дама“ и за нередовна исплата на платите за време на пандемијата на коронавирус, а покрај тоа, клубот сѐ уште не се откажал од проектот за создавање Суперлига.

Јувентус има големи шанси да ја освои Лигата на Европа бидејќи е во полуфиналето, што би му помогнало на тимот да избегне двегодишна суспензија. Од друга страна, доколку во првенството заврши на позиција која не води во ЛШ, УЕФА нема да има причина да го санкционира клубот и ќе ја чека одлуката на Италијанската фудбалска федерација.

Сепак, тоа е многу малку веројатно да се случи бидејќи гигантот од Торино во моментов е третопласиран на табелата на седум кола пред крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови