Шкендија се врати сериозно во трката за титулата по триумфот над Брегалница во Штип. Актуелниот Шкупи не победи во Кавадарци против Тиквеш, па шансите за одбрана на трофејот се сѐ помали.
Работнички и дефинитивно избори опстанок, иако од овој клуб се очекува да игра многу позначајна улога во шампионатот. Силекс покажа дека трансформацијата од второлигашката сцена и не треба да остави преголем белег на развојот на клубот.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 28.коло во Првата фудбалска лига. Го предводи стратегот на Шкендија, Ќатип Османи.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА 28.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА
- ДАНИЕЛ БОЖИНОВСКИ (СИЛЕКС)
- АРСИМ ЉАМАЛАРИ (СИЛЕКС)
- КЛИСМАН ЦАКЕ (ШКЕНДИЈА)
- ДИН АЛОМЕРОВИЌ (РАБОТНИЧКИ)
- ДАВИД МАНАСИЕВСКИ (СИЛЕКС)
- ЕНУР ТОТРЕ (ШКЕНДИЈА)
- ЉУПЧО ДОРИЕВ (ШКЕНДИЈА)
- ЕРАЛДО ЧИНАРИ (ШКЕНДИЈА)
- МАРЈАН РИСТЕСКИ (СИЛЕКС)
- КИРЕ МАРКОСКИ (РАБОТНИЧКИ)
- АЗЕР ОМЕРАГИЌ (СКОПЈЕ)
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЌАТИП ОСМАНИ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski