Охрид е центарот на второлигашките збиднувања денеска, но само дваесетина луѓе, плус фудбалерите на двете екипи и стручните штабови, ќе имаат можност да уживаат во дербито на колото меѓу Воска и Вардар. Домаќинот одлучи мечот да се игра без публика, со оправдување дека не може да се гарантира безбедност, по совет од локалната полиција.
Вардарци сигурно ќе добијат дозвола за влез на стадионот „Билјанини извори“, а „Комити“ кои најавија инвазија и според информациите сега тргнуваат кон Охрид, најверојатно ќе навиваат надвор од стадионот, доколку воопшто не бидат спречени да стигнат до охридското крајбрежје.
Вардар по два натпревари без победа сега има три бода негатива во однос на Воска и посакува триумф против домаќинот.Но, и Воска има свои планови, секако да го задржи врвот и бодовната разлика во однос на конкурентите.
Гостивар со нов тренер, досегашниот асистент на Октај Дерелиоглу кој си замина, ќе го пречека Кожуф, додека Пелистер го очекува гостување во Струмица против Беласица.
Тетекс има гостување во Виница, а Охрид исто така ќе биде гостин во Каменица.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 25. КОЛО
Воска Спорт – Вардар
Гостивар – Кожув
Беласица – Пелистер
Беса – Арсими
Караорман – Борец
Локомотива П. – Детонит Плачковица
Каменица Саса – Охрид
Слога Виница – Тетекс
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













