
Шкендија има шест бода негатива во однос на лидерот Струга ТЛ, но не се откажува од трката за шампионската титула. Едно од клучните гостувања за тетовци ќе биде денешниот дуел против Брегалница во Штип. Доколку успеат да освојат три бода, тогаш ќе се наметнат многу сериозно во битката за трофејот, со оглед дека стружани се слободни во ова коло.
Играчот за врска Енур Тотре верува во својот тим, но исто така има максимален респект и кон домаќинот Брегалница.
„Ова е навистина е тешко гостување за нас. Знаеме дека Брегалница е сериозен ривал, но патуваме со убедување да го дадеме максимумот и да освоиме три бода. Нашата цел е шампионската титула, но знаеме дека мисијата е тешка. Ќе дадеме сѐ од себе да ја исполниме, на сега сме фокусирани единствено на денешниот дуел со Брегалница“, вели Тотре.
Брегалница има амбиции за излез во Европа и се наоѓа на петтата позиција, а на последните пет натпревари има три победи и две ремија.
Останатите натпревари од 28.коло во Првата фудбалска лига се играат утре, а се среќаваат: Силекс – Македонија ЃП, Скопје – Академија – Пандев, Тиквеш – Шкупи, Победа – Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Евро-фудбал
Флоријан Вирц бил на преговори и на „Енфилд“

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
