
Енис Барди се наоѓа во трка со времето за да биде способен за настап на претстојниот бараж дуел против Косово откако беше обелоденето дека Македонецот заработил незгодна повреда за време на последниот меч против Гранада во Примера Дивизион.
„Барди е меѓу четворицата фудбалери кои се пожалија на повреди. Тој има умерено истегнување на скочниот зглоб на десната нога. Повеќе детали ќе се знаат по прегледите по неколку дена“, соопштија клупските лекари на Леванте.
Натпреварот меѓу Македонија и Косово ќе се игра на 26 март во Скопје, а се уште е неизвесно дали истиот ќе се одигра со публика или пред празни трибини на Националната арена „Тодор Проески“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
