Connect with us

Хет-трик на Бесарт Ибраими, Струга ТЛ и Шкендија убедливи, триумф за Работнички

Лидерот Струга Трим Лум ја наполни мрежата на Победа и славеше со 6-2. Сигурна беше и Шкендија која на домашен терен го совлада Тиквеш со 4-1.


Работнички ги разреши сите дилеми околу опстанокот со триумфот од 1-0 против Скопје, додека на два меча немаше голови. На дуелите Силекс – Брегаклница во Кратово и Македонија ЃП – Академија Пандев во Ѓорче Петров, мрежите мируваа.


Бесник Ферати во 19.минута донесе предност за Победа, но Струга ТЛ направи пресврт пред крајот на првиот дел со головите на Бесмир Бојку и на Бесарт Ибраими.


Во вториот дел, Сухељ Михарем зголеми на 3-1, а Андреј Кудијан повторно ја доближи Победа. Но, до крајот стрелаа Буњамин Шабани и двапати Бесарт Ибраими, кој комплетираше хет – трик.


Шкендија го победи Тиквеш со 4-1. Милев донесе водство, Цаке постигна убав гол за 2-0, а Чинари исто така се истакна со убавец. Потоа Вареловски намали, а конечниот резултат го постави Чинари со својот втор гол.

ПРВА ЛИГА, 27.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТЛ – ПОБЕДА 6-2
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 4-1
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 1-0
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови