Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија оваа година ќе се одржи во Струмица. Струга Трим Лум и Македонија ЃП ќе се борат за трофејот на стадионот „Благој Истатов“ на 20 мај, одлучи Управниот одбор на ФФМ.
Македонија ЃП ќе го брани трофејот освоен лани, додека Струга Трим Лум за првпат во клупската историја ќе игра во мечот за пехарот.
Струмица после пет години повторно ќе биде домаќин на финалето на Купот, откако последен пат во овој град играа Шкендија и Пелистер (3-0) во 2018 година.
На седницата на УО е одлучено Редовното Генерално собрание на ФФМ да се одржи на 27 мај во Скопје.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













