
Женската репрезентација на Македонија до 19 години го забележа првиот пораз од селекцијата на Израел во последното коло од квалификацискиот турнир што се одржува во Скопје. На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраничките на селекторот Астрит Мерко беа поразени со 2-1.
Израелките во 52. минута од мечот го отворија резултатот преку Биру. Лора Сулејмани во 72. минута постигна гол за израмнување на резултатот. Сепак, Биру во 83. минута со својот втор гол ги постави конечните 2-1 на денешната средба.
Македонија: Кабакчи, Сулејмани, Головска, Мојсоска, Блажевска, Меијер, Ефтинџиоска, Села, Велкова, Сулејмани, Панеска;
Селектор: Астрит Мерко;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао
