Connect with us

Незири: Ова е најважниот мој гол во кариерата

Струга Трим Лум продолжува со фантастични игри и резултати оваа сезона. Тимот успеа да испише историја со првото финале во Купот на Македонија и има голема шанса да дојде и до двојна круна. Стружани во денешното полуфинале го совладаа Силекс со 1-0, а стрелец на голот беше дефанзивецот Меџит Незири.


„Ова е без сомнение најважниот мој гол во кариерата. Се знае дека дефанзивците многу често не даваат голови, но јас сум среќен што погодив за да се оствари најважната цел, а тоа е пласман во финалето. Заслужено одиме таму по сѐ што прикажавме и после комплетната доминација на мечот“, изјави Незири.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови