Актуелниот освојувач Македонија ЃП ја победи Шкендија на пенали (3-4) и обезбеди ново финале во Купот на Македонија. „Лавовите“ одиграа одличен меч кој во регуларниот тек заврши 1-1, не потклекнаа под притисокот на домаќинот и на крајот се покажаа како подобри пеналџии.
Во тимот на Шкендија не реализираа Љупчо Дориев и Камер Ќака, па Адама Самаке на крајот го постигна решавачкиот пенал за пласман во финалето.

Македонија ЃП поведе во 12.минута со голот на Есмин Личина, а Шкендија успеа да израмни преку Васко Милев во 65.минута од мечот. Сепак, пеналите не беа талични за тетовскиот тим.
Во финалето на Купот на Македонија ќе играат Македонија ЃП и Струга Трим Лум.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













