Струга Трим Лум е во трка по два трофеи оваа сезона. Во првенството е лидер и има предност пред конкурентите, а сака да обезбеди и историски пласман во едно финале на Купот на Македонија.
Во полуфиналната пресметка денеска (15 часот) стружани на домашен терен крај езерото го пречекуваат тимот на Силекс.
„Многу важен натпревар за нас. Играме полуфинале и со само деведесет минути можеме до финале, што е целта на овој тим. Но, тоа не значи дека се откажуваме од трката за титулата. Двете екипи кои ќе истрчаат на терен се многу квалитетни и ќе одлучуваат нијанси. Ние сме подготвени за овој предизвик, но ќе останеме тивки надвор од теренот сѐ што сакаме да кажеме ќе биде на самиот натпревар“, изјави тренерот на Струга Трим Лум, Шпетим Дуро.
Во второто полуфинале ќе се сретнет екипите на Шкендија и Македонија ЃП.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













