Шкендија го пречекува актуелниот бранител во Купот, тимот на Македонија ЃП, во полуфинална пресметка во Тетово и се надева дека ќе успее да обезбеди пласман во финалето. Мечот е закажан за 15 часот, а играчот за врска Флорент Рамадани вели дека ова е одлична шанса за Шкендија да освои трофеј и тимот сака да ја искористи.
„Се знае дека покрај првенството имаме големи амбиции да одиме далеку и во Купот на Македонија. Се игра само еден натпревар и мораме да имаме максимален пристап и да бидеме внимателни. Атмосферата во тимот е многу добра, сите сме подготвени и подготвени да дадеме сѐ од себе за да победиме. Имаме респект кон Македонија ЃП, тимот кој актуелен освојувач на пехарот. Домашниот терен ќе биде голем плус за нас, очекуваме поддршка од „Балистите“ кои се наш 12-ти играч за нас. Верувам дека ќе се пласираме во финалето“, изјави Флорент Рамадани.
Сепак, „лавовите“ немаат намера лесно да се предадат. Стефан Лазаревиќ е оптимист и најавува дека гостите од Ѓорче Петров патуваат во Тетово со намера да обезбедат ново финале.
„Нашата цел е да го одбраниме Купот, Шкендија е фаворит во овој натпревар, но ние сме освојувачи и ќе одиме во Тетово тоа да го докажаме на терен и да играме повторно во финале“, изјави Лазаревиќ.
Во вториот полуфинален дуел, Струга ТЛ го пречекува тимот на Силекс.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski