
Скопје го направи изненадувањето на колото и славеше против Шкупи на Чаир со 0-1. Анид Абази во 22.минута успеа да го изненади шампионот и постигна погодок за водство на „пиратите“, а Шкупи со новиот тренер Арслан не успеа да најде начин да возврати до крајот. Имаше неколку ситуации во кои чаирчани бараа пенал, но не го добија.
Струга Трим Лум сигурно го чува лидерското место откако триумфираше против Академија Пандев со 3-1. Бесарт Ибраими беше двоен стрелец, а погоди и Сухељ Мухарем.

Шкендија го искористи киксот на Шкупи и со победата од 2-0 се искачи на втората позиција на табелата. Алмир Реџепи донесе предност во 29.минута, а триумфот го потврди Аденис Шала во вториот дел. Овој меч го судеше Ива Пројковска и се запиша во историјата како првата жена – главен судија на меч од Првата фудбалска лига.

Во Штип, Брегалница и Тиквеш ремизираа без голови.
Вчера, Македонија ЃП го совлада Работнички со 2-1.
ПРВА ЛИГА, 25.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – СКОПЈЕ 0-1
ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 2-0
СТРУГА ТЛ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-1
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 0-0
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
