Заврши репрезентативната пауза и се враќа на сцената македонскиот клупски фудбал. Премиерата од 25.коло во Првата лига ја носат Македонија ЃП и Работнички. На стадионот во Ѓорче Петров ќе имаат нова меѓусебна пресметка во обид да направат пресвртница кон подобри резултати во финишот на сезоната.
„Лавовите“целат на четвртото место, како што најавува Арби Воша.
„Ќе дадеме максимум да завршиме на четвртото место на табелата до крај на првенството. Сакаме да искористиме тоа што Силекс е слободен ова коло, и да се доближиме на шест бода. Го респектираме Работнички, но сигурен сум дека добрата атмосфера во клубот ќе ја крунисаме со три бода“, вели Воша.
Работнички исто така да го освои Ѓорче Петров и да тргне во позитивна насока.
Останатите натпревари од 25.коло во Првата фудбалска лига се играат утре, а се среќаваат: Струга ТЛ – Академија Пандев, Шкупи – Скопје, Шкендија – Победа, Брегалница – Тиквеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













