Connect with us

Елмас негативен на Covid-19 – може да игра против Косово!

Комплетниот состав на Наполи е негативен на Covid-19, откако изминатиов викенд играше натпревар во Серија А со Џенова, тимот на Горан Пандев, каде се појавија 14 „позитивни“ случаи. За среќа, Пандев не е меѓу нив, иако Џенова се уште официјално ги нема соопштено имињата на позитивните фудбалери.

Наполи пред неколку минути официјално потврди дека нема ниту еден фудбалер или член на стручниот штаб кој во моментот е позитивен на коронавирусот. Тоа значи дека Елиф Елмас е сигурен за настап за мечот против Косово на 8 октомври во Скопје. Утре целиот тим на „наполитанците“ ќе изврши уште едно тестирање како мерка на внимателност.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови