Connect with us

Пандев речиси сигурно доаѓа – Седум теста покажаа дека е негативен на Covid-19

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, денеска и седми пат е негативен на коронавирусот и утре има закажан лет за доаѓање во Скопје. Тој во текот на вечерта треба да се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски и да биде дел од националниот тим за историскиот плејоф – меч против Косово на 8 октомври на арената „Тодор Проески“. 

За жал, суперталентираниот Елиф Елмас е позитивен на Covid-19 и нема да биде дел од репрезентацијата на суперважниот меч против Косово, како и на двата останати натпревари од Лигата на нации. 

Огромна неизвесност владее за пристигнувањето на Пандев. Сите тестови му се негативни, но тој сепак има решение за изолација од властите во Џенова, затоа што во неговиот клуб владее вистински корона-хаос. Капитенот на националниот тим е еден од малкумината кои одолеаја на коронавирусот и останаа негативни на сите тестирања. 

Сепак, стопроцентно ќе биде сигурно дури откако Пандев ќе долета во Македонија и ќе пристигне во базата на националниот тим. Таму повторно веднаш ќе биде тестиран на Covid-19 како и сите останати репрезентативци и членови на стручниот штаб.  

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови