Селекторот Игор Ангеловски ќе го нема на располагање „дијамантот“ Елиф Елмас поради позитивен тест на коронавирусот, но и неговиот колега од Косово се соочува со проблеми околу составот пред плејоф полуфиналето на Лигата на нации за пласман на ЕП.
Капитенот Амир Рахмани кој му е соиграч на Елмас во Наполи исто така нема да биде дел од селекцијата на Косово. Неизвесен е настапот на голманот Самир Ујкани, но и на играчот за врска на Ремс, Валон Бериша. Ова би бил голем удар и за селекцијата на Косово пред пресметката на 8 октомври на арената „Тодор Проески“.
Ако се знае дека и Ведат Муричи, најдобриот напаѓач на Косово, кој е нов член на Лацио, е повреден, тогаш дефинитивно е јасно дека и Косово ќе има „десеткуван“ состав. Поради повреда отпадна и Милот Рашица, кој е член на Вердер Бремен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













