
Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди водство против Малта по првото полувреме на арената „Тодор Проески“, во првиот натпревар од новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024 во Германија. Иако има поголем посед на топка, македонската селекција сепак не создаде стопроцентна шанса за погодок. Малку е ова за да се пробие дури и Малта.
Во почетниот период Елиф Елмас имаше слалом низ противничката одбрана, нанижа неколку играчи, но на крајот падна барајќи пенал. Сепак, немаше интервенција ниту од ВАР собата.

Бојан Миовски се обиде двапати со удар со глава, но не беше прецизен, а впечаток е дека Македонија сепак не создаде „пекол“ за противникот пред нивниот шеснаесетник. Неколку соло обиди завршија без ефект.
На крајот, дури Малта можеше до водство. Метју Гилумие побегна, излезе пред Столе Димитриевски, но македонската одбрана спаси во последен момент.
Има уште 45 минути за да се поправи впечатокот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
