
Македонскиот второлигаш Пелистер се жали на делењето на правдата на денешниот дерби натпревар против Воска во Охрид. “Пелистерци” загубија со 2-1, а потоа испратија соопштение за јавноста.
“ФК Пелистер оваа сезона повторно e жртва на скандалозно и срамно судење, овојпат во режија на судиската тројка од Тетово, предводена од главниот судија Јосип Бартон. По четврти пат оваа сезона сме грубо оштетени и доведени во нерамноправна позиција со нашите противници. Денес тоа беше Воска Спорт, претходно Караорман, Детонит Плачковица, Гостивар…
Самото делегирање на судија кој не е од рангот на интернационалци остава дилеми и делува потценувачки за натпревар со ваков влог и важност. Од сите македонски судии одговорните делегираа судија кој сезонава е целосно надвор од форма, воопшто не суди натпревари од Првата и Втората лига, туку само натпревари од младинските лиги и футсал шампионатот (доставуваме преглед на отсудените натпревари на Бартон оваа сезона).
Делегираниот судија во Првата и Втората лига сезона најчесто е четврти судија, а делегиран за главен е најчесто кога играат пионери и кадети. Зарем Бартон беше најдобриот избор за овој натпревар? Критериумот на главниот судија Бартон на денешниот натпревар е навредлив кон нашиот клуб, кон нашите фудбалери, обидот да се надигруваме и да се наметнеме со нашиот стил на игра.
Со ваков третман кон македонскиот фудбал, кон дерби дуел на две екипи со високи амбиции и вложувања и кон клуб како Пелистер, не сме на прав пат како фудбалски систем.
ФК Пелистер е наш фудбалски бренд, клуб со традиција, Куп-титули и финалиња, клуб кој дал репрезентативци и е расадник на таленти, а ваквиот третман при делегирањето на судии со претходно дадена задача, ја доведува во прашање регуларноста на првенството во Втората лига. Ова мора да сопре сега и веднаш, во интерес на спортот, гледачите, во интерес на развојот и мотивот за влог во фудбалот”, се вели во соопштението на ФК Пелистер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski