Connect with us

Струга ТЛ го победи Работнички и ја зголеми предноста пред Шкупи

Лидерот Струга Трим Лум славеше минимално (0-1) против Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ и ја зголеми предноста во однос на Шкупи, кој ремизираше (1-1) против Академија Пандев во Струмица.


Силекс беше убедлив против Победа и триумфираше во Прилеп со 1-5, а Горан Симов дебитираше со победа (0-1) на клупата на Македонија ЃП на гости против Тиквеш. Самир Фазли во 67.минута го постигна победничкиот гол за „лавовите“ на овој дуел.

Христијан Малески во 28.минута успеа да го надмудри Игор Алексовски и да донесе триумф за Струга ТЛ.

Академија Пандев повторно извлече реми (1-1) против Шкупи. Али Адем доби црвен картон во 27.минута, но неколку минути подоцна гостите поведоа со голот на Гаги Маргбелашвили. Сепак, Академија Пандев израмни во 79.минута со голот од пенал на Кристијан Велиновски.

Во Прилеп, Хамза Рамани ја отвори сеирјата голови за Силекс против својот поранешен клуб Победа, а на 0-2 зголеми Виктор Серафимовски. Ване Јованов намали на почетокот на вториот дел, но во финишот Силекс постигна уште три гола, преку Манасиевски и Марко Ѓорѓиевски (два гола).

ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 1-1

ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1

ПОБЕДА – СИЛЕКС 1-5

УТРЕ: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови