
Младиот фудбалер на Ливерпул, Стефа Бајчетиќ, ќе паузира до крајот на сезоната. Менаџерот Јирген Клоп пред реваншот со Реал Мадрид објави дека Бајчетиќ нема да игра поради повреда, но денеска стигна многу полоша информација дека тој нема да може да игра до крајот оваа сезона.
„За жал, заработив повреда поради која оваа сезона предвреме заврши за мене. Секако дека сум тажен, но и свесен сум дека тоа е дел од фудбалот и само ќе ме направи посилен, како на физички, така и на ментален план за во иднина. Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката што ја добивав во текот на сезоната, ве уверувам сите дека ќе дадам се од себе за да се вратам уште посилен“, објави Стефан Бајчетиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Евро-фудбал
Флоријан Вирц бил на преговори и на „Енфилд“

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
