
Арсенал внимателно го следи бразилскиот крилен напаѓач во Порто, Пепе. Скаутите на „топчиите“ присуствуваа на натпреварот против Интер во Лигата на шампионите за во живо да ги следат настапите на 26-годишниот фудбалер, откриваат медиумите на Островот.
Пепе може да биде многу корисен за Микел Артета поради фактот што може успешно да игра на неколку позиции. По дефиниција тој е десно крило, но може да игра и на левата страна во нападот, а во последно време во Порто се почесто го користат и во улога на десен бек или играч за врска.
Откако пристигна на „Драгао“ од Гремио во 2021 година, тој има 84 настапи, 11 гола и 14 асистенции.
На Арсенал дефинитивно му треба нов играч на десната страна од одбраната. Клубот се раздели со Хектор Белерин во текот на летото, а Такехиро Томијасу оваа сезона не настапува на потребното ниво. Како резултат на тоа, Микел Артета мораше да го преквалификува централниот дефанзивец Бен Вајт во улога на десен бек.
Арсенал на лето ќе испрати понуда за Бразилецот, а Микел Артета ги разгледува можностите и за ангажман на Дензел Дамфрис или на Иван Фреснеда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
