
Македонија има водство од 2-1 против Косово по првото полувреме на полуфиналниот плејоф дуел во Лигата на нации за пласман на Европското првенство. По автоголот на Кололи во 16.минута, Косово успеа да израмни по големото недорабирање на Столе Димитриевски и на Дарко Велковски во одбраната, а Флорент Хадерѓонај погоди со лоб удар од дваесетина метри.
Но, само четири минути подоцна, Македонија дојде до нова предност. Енис Барди изведе слободен удар, а Дарко Велковски со удар со глава погоди на вистинското место. Едно полувреме ја дели Македонија од пласман во финалето на плејофот и меч со Грузија за пласман на Европско првенство.
Фото: Игор Паневски (УЕФА)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
