
Македонија го совлада Косово со 2-1 и се доближи на само еден чекор до пласман на Европското првенство. Одиме на 12 ноември во Тбилиси да го грабнеме ЕП. Полуфиналната плејоф пресметка која ја сметавме за историја сега е веќе во книгата на успесите, а ќе го чекаме историскиот меч против Грузија.
По автоголот на Кололи во 16.минута, Косово успеа да израмни по големото недорабирање на Столе Димитриевски и на Дарко Велковски во одбраната, а Флорент Хадерѓонај погоди со лоб удар од дваесетина метри.
Но, само четири минути подоцна, Македонија дојде до нова предност. Енис Барди изведе слободен удар, а Дарко Велковски со удар со глава погоди на вистинското место.
Во вториот дел, Пандев постигна гол, но беше поништен по прегледување на ВАР-снимка затоа што Аријан Адеми кој учествуваше во акцијата беше во офсајд. Пандев се закани и со одличен удар од 20 метри, но Мурич успеа да одбрани, а и Илија Несторовски шутираше со глава, но директно во добро поставениот голман на Косово. Во финишот и Езгјан Алиоски одлично шутираше, но без ефект.
Зенели беше единствената закана за Столе Димитриевски, но неговиот удар заврши за малку над гредата. Се до судиското продолжение. Жегрова шутираше од далечина, Димитриевски одби, налета Алити, а македонскиот голман фантастично уште еднаш одбрани. Во следниот напад Александар Трајковски пропушти супер-шанса за да го потврди триумфот.
Македонија успеа да го сочува водството од првиот дел и да обезбеди пласман во финалето на плејофот од Лигата на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
