Есенскиот првак и сегашен лидер на табелата, Струга Трим Лум, денеска ја отвора ерата под раководство на Шпетим Дуро. Предизвикот е максимален, затоа што на гости крај езерото доаѓа актуелниот шампион и најголем конкурент за титулата, Шкупи. Ќе биде тоа голема пресметка во Струга.
„Подготвени сме за големиот дуел со Шкупи. Немаме повредени, добро работевме под раководство на новиот тренер и верувам дека по три ремија во низа ќе дојдеме до победата“, вели капитенот на Струга ТЛ, Буњамин Шабани.
Шкендија во Тетово го пречекува Работнички, а дефанзивецот Клисман Цаке најавува дека тетовскиот тим ќе атакува на трите бода.
ФК Скопје исто така има нов тренер, екс селекторот Мирсад Јонуз. Тој ќе се обиде со „пиратите“ да стартува со позитивен резултат на денешниот меч против Македонија ЃП.
Академија Пандев е фаворит на дуелот против Победа, а интересна ќе биде пресметката меѓу Силекс и Брегалница во Кратово.
ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО (Денеска, 14 часот)
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПОБЕДА
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













